|
Напишано од Administrator
|
|
|
|
Напишано од Administrator
|

Како и секоја година, така и оваа, на 1 април секој од нас престанува да биде она што е во секојдневниот живот и станува она, што сака да биде. Како и секоја година, така и оваа Кафе Caffe е дел од таа голема и весела забавна игра, наречена Бал под маски. Затоа, на 1 април, откако ќе излажете и ќе бидете излажани, маскирајте се и наминете во Кафе Caffe на годинешниот Бал под маски. Целиот тим на Кафе Caffe ќе се погрижи за вашето добро расположение, а во соработка со нашите пријатели Колектива, ќе се погрижиме и за пријатно изненадување за сите посетители. Ве очекуваме да се појавите онакви, какви то отсекогаш сте сакале да бидете, и да се забавуваме откривајќи ги маските!
|
|
Последно освежено на Недела, 27 Март 2011 10:27 |
|
Напишано од Administrator
|
Што ќе се случи ако се спојат Петар Младеновски, или попознат како Пеце од Суперхикс, Зоран Костовски од бендот на Александра Пилева и Зоки Бошков, нагалено наречен Лелек? Е, тоа ќе треба да се види... петок на 4 март оваа година, од 21:00 или нашки, од девет навечер, со еден по полноќ - во живо, unplugged, во центарот на градот Breakdown Band!

Да не заборавите да го обележите 4 март во календарчињата! Заокружете со црвено пенкало и оставете слободен простор за забава, дружење и добра музика!
|
|
Последно освежено на Четврток, 24 Февруари 2011 20:38 |
|
Напишано од Administrator
|

Легендите велат дека во времето кога боговите слободно шетале меѓу луѓето, едната од Менадите се заљубила во бесмртниот бог на виното, Дионис, кој што ја претворил во винска лоза, за лозата засекогаш да го потсетува на неговата љубена. Секако, тоа се само легенди, но има некоја длабока и мистична врска помеѓу љубовта, радоста и виното, и затоа, не зачудува што на ист ден ги славиме и свети Трифун како заштитник на лозјето, и свети Валентин како заштитник на бесмртната љубов.

Од тоа време изминале илјадници години но во суштина, ништо не е изменето. Затоа би сакале да го обележиме празникот на љубовта и виното, и за таа цел поканивме поголем број наши пријатели од најпознатите винариии во Македонија, да ги отворат портите на нивните визби и да ни ги претстават нивните најдобри вина за да можеме со вино да ја прославиме вечната љубов. Пријатели, повелете и придружете ни се на таа прослава, за заедно да уживаме во:
Неограниченото точење на најдобрите македонски вина Мезето со традиционални македонски сирења и кашкавали Неповторливото 6 часовно уживање со: Маестро Симон Киселички и фантастичниот вокал на Јасмина Беличанскa со нивните jazz мајстории Alter Ego со rock баладите за сите заљубени Dj Vlade со посебно подготвениот Love & Wine Dj Set
|
|
Напишано од Administrator
|
Понеделник е ден на генерална проба, на само седум дена пред Вашиот и наш мини вино фестивал.

Маестро Симон Киселички ќе одвои време да биде со нас и да ни приреди нешто, што досега го немало во Скопје, барем 20 години, од времето на Пиано бар. Затоа, Ве очекуваме во голем број, да бидете послужени од нашата винска карта. Пред се`, винаријата Николов ја препорачува „Бела мугра“ (399 денари), винаријата Картал го препорачува надалеку чуениот и извонредно квалитетен „Вранец“ (399 денари), винаријата Стоби го препорачува својот нов „Мускат“, додека винаријата Сопот го препорачува Rosso (109 денари 0.187 л). Исто така, на винската карта се и специјалните гости Фантинел, со своите пенливи вкусови на Spumante Prosecco, бело и розе (99 денари за 0.155 л). Повелете, дојдете да видите само мал дел од она, што ќе Ве очекува за миини винскиот фестивал.
|
|
Последно освежено на Недела, 06 Февруари 2011 20:02 |
|
|